Трамп: Соборени се пет авиони

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека до пет авиони биле соборени за време на четиридневниот индиско-пакистански конфликт, кој започна на 7 мај, по нападот на исламистичките милитанти во индискиот Кашмир.

„Всушност, авионите беа соборени од воздух. Пет, пет, четири или пет, но мислам дека всушност беа соборени пет авиони“, рече Трамп на вечера со неколку републикански американски пратеници во Белата куќа, објави денес Ројтерс.

Трамп не даде дополнителни детали и не прецизираше за кои странски авиони зборува.

Пакистан , по завршувањето на конфликтот, тврдеше дека соборил пет индиски авиони во воздушни борби, а Индија, исто така, тврдеше дека соборила „неколку авиони“ на Пакистан.

Исламабад негираше дека претрпел какви било загуби на авиони, но призна дека неговите воздухопловни бази биле погодени.