Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел има „доволно свои проблеми без да ја киднапира Грета Тунберг“ откако беше запрена хуманитарната флотила на која таа се наоѓаше.
Американскиот претседател ја нарече шведската активистка Грета Тунберг „лута млада личност“ откако нејзиниот обид да ја пробие блокадата на Газа беше спречен од израелската морнарица .
„Таа е чудна личност . Млада, лута личност. Не знам дали таа лутина е вистинска. Тешко е да се поверува, искрено, но видов што се случи. Таа е дефинитивно поинаква… Мислам дека ѝ треба курс за конрола на бесот “, рече Трамп
Израелските поморски сили во понеделникот се качија и запленија хуманитарен брод , на кој се наоѓаше Грета Тунберг .
Британскиот едриличар „Мадлен“ , управуван од пропалестинската коалиција „Флотила на слободата“ , имаше за цел да достави симболична количина помош во Газа и да ја подигне меѓународната свест за хуманитарната криза во областа.
Грета Тунберг рече: Ако го гледате ова видео, тогаш сме киднапирани
„Ако го гледате ова видео, бевме пресретнати и киднапирани од израелските окупаторски сили или сили што го поддржуваат Израел, во меѓународни води“, рече 22-годишната Тунберг во видео порака објавена од Коалицијата „Флотила на слободата“, снимена пред да биде запленет бродот.
„Ги повикувам сите мои пријатели, семејство и другари да извршат притисок врз шведската влада да ме ослободи мене и другите што е можно поскоро.“
Трамп го отфрли тврдењето на Грета Тунберг дека била киднапирана, велејќи:
„Мислам дека Израел има доволно проблеми и без да ја киднапира Грета Тунберг .“
Ова не е прв конфликт меѓу Грета Тунберг и Доналд Трамп.
Ова не е прв пат Грета Тунберг и американскиот претседател да се судрат.
Пред пет години, Тунберг јавно го покажа својот презир кон Доналд Трамп кога, како 16-годишна девојка, го погледна со лутина по неговото пристигнување во Обединетите нации.
Нејзиниот продорен поглед, кој се случи во пресрет на нејзиниот говор за климатските промени во ОН, стана вирален на интернет.
Ванс се шегуваше за Грета Тунберг
Во февруари оваа година, потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, ја искористи можноста да ја исмее Тунберг за време на говорот на Минхенската безбедносна конференција, бранејќи ја улогата на Елон Маск во администрацијата на Трамп.
„Верувајте ми, го кажувам ова со допир на хумор – ако американската демократија преживеа десет години жалење на Грета , вие можете да преживеете неколку месеци со Илон Маск.“