Трамп: Тарифите се многу убава работа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека царините се „прекрасна работа“ во услови на пад на берзите ширум светот.

„Имаме огромни финансиски дефицити со Кина, Европската Унија и многу други. Единствениот начин да се излечи овој проблем е со ТАРИФИТЕ, кои сега носат десетици милијарди долари во САД. Тие веќе се на место и прекрасно нешто што може да се види“, напиша Трамп на Truth Social.

„Дефицитот со овие земји порасна за време на заспаното претседателство на Џо Бајден. Ќе го вратиме, и тоа брзо“, вети американскиот претседател.

„Еден ден луѓето ќе разберат дека царините, за Соединетите Американски Држави, се многу убава работа“, заклучи тој.

Да потсетиме, пазарите нагло паднаа продлабочувајќи ја глобалната берзанска криза предизвикана од наметнувањето царини од страна на Трамп.

Инаку, милиони луѓе учествуваа на протестите против Трамп и Илон Маск во сите 50 американски држави и ширум светот.

Протестите беа организирани од продемократското движење како одговор на, како што тие го нарекуваат напад врз американските права и слободи.