Трамп тврди дека оружјето веќе се испраќа во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека оружјето веќе се испраќа во Украина.

Зборувајќи со новинарите, тој исто така рече дека не разговарал со Владимир Путин откако санкциите против Русија беа објавени во понеделник.

Американскиот претседател откри дека Вашингтон ќе продава оружје на НАТО, кое потоа би можело да ѝ биде предадено на Украина, објавува „Телеграф“.

Неколку европски земји веќе ветија дека ќе ја поддржат оваа иницијатива, вклучувајќи ги Германија, Норвешка, Данска, Холандија, Шведска, Обединетото Кралство, Канада и Финска.

Од друга страна, ова оружје долго време го бара украинскиот претседател, кој постојано ја нагласува потребата од модерно оружје од голем калибар што би помогнало во запирањето на руските напади.