Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го познава рускиот претседател Владимир Путин „многу добро“ и дека има рационален однос со него и дека неговата цел е луѓето во Украина „да престанат да се убиваат“.
– Мислам дека никој на светот нема да го запре Путин, освен мене, и мислам дека ќе можам да го запрам. Имавме многу рационални дискусии и само сакам да видам дека луѓето престануваат да се убиваат. Тие губат 2.500 мали деца неделно, а тоа се Руси и Украинци, рече Трамп во интервју за веб-страницата OutKick во претседателскиот авион.
Претседателот додаде дека
„многу добро го познава Путин“ и изрази задоволство од фактот што односите меѓу двете страни не се влошени поради обвинувањата во 2016 година дека Русија наводно се мешала во претседателските избори во САД, објави „Новости“, повикувајќи се на Танјуг.