Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави, по средбата со принцот Вилијам во резиденцијата на британскиот амбасадор во Париз, дека имале „добар“ разговор и дека принцот е „многу убав“.
– Некои луѓе изгледаат подобро во живо. Изгледаше одлично. Изгледаше навистина убаво, и така му кажав – изјави Трамп за Њујорк пост.
Многумина беа изненадени од неговата изјава за изгледот на принцот Вилијам, бидејќи не е вообичаено високи владини функционери да ги искажуваат своите впечатоци за физичкиот изглед по ваквите средби.
Трамп и принцот Вилијам беа и во Париз, каде што присуствуваа на церемонијата на отворање на реновираната катедрала Нотр Дам, во саботата за да разговараат за здравјето на британскиот крал Чарлс III и принцезата од Велс, кои оваа година беа лекувани од рак.
– Го прашав за неговата сопруга и тој рече дека е добро. И го прашав за неговиот татко и неговиот татко се бори, и тој го сака својот татко, и ја сака својата сопруга – рече Трамп.
Кенсингтонската палата претходно соопшти дека Трамп и принцот Вилијам разговарале за низа глобални прашања, фокусирајќи се на важноста на специјалните односи меѓу САД и Велика Британија.