Трамп ја обвини Кина за кршење на трговскиот договор: Ќе преземеме мерки

Администрацијата на Доналд Трамп подготвува нови потези против Кина, објави заменик-шефот на кабинетот на Белата куќа откако американскиот претседател го обвини Пекинг за „кршење“ на трговскиот договор со Вашингтон.

„Ова отвора цела низа процедури за Соединетите Американски Држави да обезбедат почитување (на договорот) во иднина“, рече Стивен Милер.

„Постојат мерки што веќе се преземени, има мерки што се преземаат во моментов, има мерки што се разгледуваат“, додаде тој.

„Би било крајно неразумно Кина да продолжи по овој пат, наместо да бара пат на соработка.“

Трамп претходно во петокот изјави дека Кина го прекршила договорот за царини со САД.

„Кина, можеби не е изненадувачки за некои, целосно го прекрши договорот со нас“, рече Трамп.