Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите во Белата куќа.
Тој беше прашан што сака да види од Украина и Русија во врска со мировните преговори.
„Целиот мој живот помина во големи преговори и знам кога луѓето играат со нас, а кога не“, рече тој.
„Сакам да видам ентузијазам за завршување на [војната]. Мислам дека го гледам тој ентузијазам – мислам дека го гледам од двете страни“, изјави американскиот лидер.
Тој во петокот пред новинарите изјави дека ако Русија и Украина го отежнат постигнувањето мировен договор, тогаш САД ќе се повлечат од преговарачкиот процес.
„Доколку од која било причина која било од страните го отежнува продолжувањето на процесот… тогаш едноставно ќе се повлечеме и нема да учествуваме. Се надеваме дека нема да мора да го правиме тоа“, рече 78-годишникот.
На прашањето дали мисли дека Русите ги мамат САД, тој додаде „никој не не мами нас“.
Инаку, Русија ја започна својата инвазија на украинската држава на 24 февруари 2022 година, предизвикувајќи илјадници жртви и голема материјална штета.