Вивијан Џена Вилсон, трансродовата ќерка на Илон Маск, го критикуваше за одвратната објава во која тој и понуди на Тејлор Свифт да има бебе со неа откако таа ја поддржа Камала Харис.Откако пејачката се огласи на Инстаграм за да ги покани луѓето да гласаат за Камала, завршувајќи со натписот „Со љубов, за дамата со мачки без деца“, Маск се огласи на X.
„Добро, Тејлор. Ти победи. Ќе те направам бебе и ќе ги чувам твоите мачки со мојот живот“. Поради оваа изјава тој доби многу критики од луѓето кои го сметаат за сексист. Неговата ќерка Вивијан тогаш ја изрази својата поддршка за Тејлор на апликацијата Threads.
„Тајмингот на Тејлор Свифт да ја поддржи Камала Харис искрено не може да биде подобар. Едвај чекам да ги видам Свифти (нејзините обожаватели) на гласачките места! Гласајте сино“, напиша таа, мислејќи на Демократската партија или Камала.
После тоа таа се повика на објавата на Маск.
“Да, го видов тој твит. Одвратна глупост на несакан целибат. Навистина немам што да додадам, тоа е само одвратно. Очигледно е. Ако не гледате што не е во ред, вие сте дел од проблемот. Јас само сакам да им кажам на моите следбеници не дозволуваjте луѓето така да зборуваат со вас, тоа е одвратно, понижувачко и неверојатно сексистичко“, објави таа.
Инаку, несаканиот целибат на англиски е означен како incel (неволутерен целибат). Тоа е движење на мажи кои мислат дека не можат да воспостават никаков вид контакт со жените.