ФК Гостивар е во завршни преговори со поранешниот португалски репрезентативец и ѕвезда на Манчестер Јунајтед – Нани, пренесува „Макфудбал“.
Споменатиот портал наведува и дека Нани е задоволен од финансиските услови, а до официјализирање на зделката остануваат само формалности.
Доколку го парафира договорот, несомнено ќе стане најпознатото фудбалско име во шампионатот на Северна Македонија.
За потсетување, Нани остави најдлабока трага во Манчестер Јунајтед со кој ја освои Лигата на шампионите, а вкупно со тимот од Олд Трафорд освои 12 трофеи.
Покрај за Манчестер настапуваше и за Лацио, Спортинг, Фенербахче, Адана, Венеција… Беше и португалски репрезентативец во 2016 година, кога оваа селекција успеа да го освои Европското првенство.