Трговската размена меѓу САД и Кина достигна рекордно ниво

Увозот и извозот меѓу двете земји изнесуваат 690,6 милијарди американски долари во 2022 година, и покрај падот на дипломатските односи.

Трговската размена меѓу САД и Кина достигна рекордно високо ниво минатата година, иако нивните дипломатски односи се во опаѓање.

Според официјалните податоци, увозот и извозот меѓу двете земји во 2022 година изнесувал 690,6 милијарди американски долари, пренесува Хина.

Тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг се зголемија во последните денови откако кинески балон лебдеше во воздушниот простор на САД.

Двете најголеми светски економии се во жестока трговска војна од 2018 година, кога тогашниот претседател Доналд Трамп почна да наметнува трговски бариери на Кина со цел да ги заштити американските индустрии.

Зависни еден од друг

Новите бројки покажуваат дека американскиот увоз од Кина пораснал на 536,8 милијарди долари минатата година, бидејќи американските клиенти потрошиле повеќе на стоки произведени во Кина, вклучувајќи играчки и мобилни телефони.

Во истиот период американскиот извоз во Кина се зголеми на 153,8 милијарди долари.

Додека дел од зголемувањето на трговијата меѓу двете земји е резултат на зголемените трошоци за живот, бројките исто така покажуваат колку САД и Кина сè уште се зависни еден од друг дури и по години меѓусебен трговски конфликт.