„Треба да патат и да платат“ – Курти упати остри зборови од Брисел

Албин Курти, премиерот на Косово, по дијалогот меѓу Белград и Приштина, на конференцијата се обрати пред новинарите и по тој повод јавно се обрати до Србите на Косово и Метохија.

На новинарско прашање дали е нормално Љуљзим Хетеми да остане во зградата како градоначалник од 29 мај до денес, Курти одговори:

– Не можеме да ги принудиме градоначалниците да поднесат оставки. Нивниот легитимитет е слаб, но вториве немаат никаков легитимитет. Тие што ги напуштија институциите не можат сега да ни кажуваат за тоа. Оставката е морален, индивидуален чин. Диктаторски менталитет е да се принудува некого да поднесе оставка. Тоа не може да се направи на Косово, но може да се направи во Србија. Луѓето од Српската листа ќе страдаат и ќе платат за грешката што ја направиле. Србите кои се интегрирале добро живеат. Но и оние другите не живеат лошо.

Да потсетиме, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска по средбата во Брисел изјави дека е загрижен за српскиот народ на Косово и Метохија.

– Србија ја покажа својата желба да пристапи кон конструктивни решенија. Загрижен сум за положбата на српскиот народ во Косово по она што го слушнав денеска. Очекувам реакција на Европа по ова – рече српскиот претседател.