Премиерот Димитар Ковачевски се оглси во врска со изјавата на градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко објавена на Фејсбук страницата на општина Струга, во која нагласи дека општината требало веднаш да биде достапна на истражните органи.
„Видов дека утринава на социјалните мрежи има проповед за Вудро Вилсон со американски знамиња и слично и каде тој вели дека општината е отворена за сите истражни органи кои треба да ги истражат обвиненијата и причините поради кои е ставен на црната листа. Тоа што го кажа утрово, јас всушност уште првиот ден го кажав општината веднаш да биде достапна, да се направат сите проверки“, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање во Свети Николе.
Како што рече, добро е што Јавното обвинителство веќе има формирано комисија која треба да го истражи случајот и државата да функционира на таков институционален начин.
„Повторувам, Владата не е ниту обвинител, ниту судија. Нема да го правам тоа што го направија некои поранешни премиери, бидејќи тие мора да одат да живеат во други земји“, рече премиерот Ковачевски.