Трендафилов: Очекуваме владината делегација да се врати од САД за да се сретне со вработените во администрацијата

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов денеска потврди дека Синдикатот на добил известување дека е прифатено нивното барање за средба со Владата, која ќе се случи по враќањето на владината делегација од Обединетите нации.

CСМ очекува оваа средба да се одржи што е можно поскоро.

„Се надеваме дека тоа ќе се случи што е можно поскоро, бидејќи колегите од овие шест министерства и уште две институции чекаат да се интензивираат разговорите, кои беа прекинати поради отфрлањето на анексите на колективните договори од страна на Министерството за Финансии.

Од тие причини Синдикатот се откажува преку социјален дијалог да најде соодветно решение, но колегите од овие институции се подготвени да продолжат со протестите и евентуално да преземат други активности кои се можни согласно законот“, рече тој на прес-конференција во ССМ.

Вработените во шест министерства и Државната статистика и Државниот архив неколку дена по ред одржаа получасовен предупредувачки протест барајќи да им се исплати зголемување на платите за 30 отсто и да се склучат колективни договори.