Лионел Меси во сабота ќе го одигра својот последен натпревар за Париз Сен Жермен против Клермон во француската Лига 1, потврди денеска тренерот на парискиот клуб Кристоф Галтие.
Од мај започнаа шпекулациите дека 35-годишниот аргентински напаѓач ќе замине кога летово ќе му истече договорот со ПСЖ.
„Ја имав привилегијата да го тренирам најдобриот играч во историјата на фудбалот. Ова ќе биде неговиот последен натпревар на „Паркот на принцовите“ и се надевам дека навивачите ќе му приредат најтопло добредојде“, рече Галтие, пренесе ТРТ БАЛКАН.
Меси, кој пристигна во ПСЖ како слободен играч од Барселона во јули 2021 година, освои две последователни титули во францускиот шампионат.
Меси и ПСЖ постигнаа начелен договор за продолжување на неговиот престој за една година пред двете страни да се предомислат.
Според пишувањата на медиумите, Меси треба да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, поточно во Ал Хилал, и за две години да заработи дури 1,2 милијарди евра.