– Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, која е во посета на Турција, денеска се сретнала со новиот турски министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу.
На средбата, како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, се разговарало за важноста на инвестициите во инфраструктурата во двете држави.
Министерката Тренчевска истакнала дека Северна Македонија како приоритет за инвестиции ги има патиштата како предуслов за поголем економски развој. На средбата е разговарано и за изградбата на детска градинка во населбата Бутел реализирана преку Програмата на турската авиокомпанија „ТАВ“. За градинката издвоени се 580.000 евра, а во неа треба да се згрижат околу 100 деца.