Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, денеска во Комисијата за финансирање и буџет порача дека Владата наместо да манипулира со покачувањата од 5 отсто, треба да си ги исполни обврските од колективниот договор, каде според неа, реално зголемување на платите на работниците. .
„Она што е евидентно е дека ако некоја влада е позната по покачување на платите во јавниот и приватниот сектор, тоа е владата на СДСМ. Ја зголемивме минималната плата од 8.000 денари, колку што остана од ВМРО ДПМНЕ. Минималната плата денеска е 22.500. Од 2016 година просечната плата од 22.000 ја доведовме на околу 41.000, но сега неспособната влада на ВМРО ДПМНЕ ја намали просечната плата за илјада денари“, рече Тренчевска.
Таа потсети дека за време на СДСМ имало значително зголемување на платите, здравството и образованието.
„Во 2016 година платата на наставниците во средно образование беше 21.950 денари, додека во септември 2023 година беше 35.200 денари. Во високото образование, ако основната плата на универзитетски професор била 36.211, сега е 81.783 денари. И во основното образование каде платата е зголемена од 21.100 денари на 33.640 денари“.
„Владата мора да ги почитува обврските од колективниот договор, а не да манипулира. Со коефициент на сложеност, до крајот на годината мора да се склучи договор меѓу потписниците на Општиот колективен договор за јавниот сектор, а тоа се Владата и Сојузот на синдикати. Во времето кога СДСМ беше на власт и кога го подготвувавме колективниот договор ставивме заштитна клаузула работниците да не бидат оштетени и да имаат реално зголемување на платите во март 2025 година“, рече Тренчевска.