Аналитичарите предупредуваат дека третата светска војна можеби веќе започнала, но не на начин на кој сме навикнати.
Од Украина до Индо-Пацификот, глобалната стабилност е на несигурна почва, со експерти како Марк Тот и полковникот Џонатан Свит кои тврдат дека војната се води преку хибридни закани и идеолошки конфликти во дигиталниот простор.
Се соочуваме со нова форма на војна која вклучува не само традиционално оружје, туку и сајбер напади, дезинформации и економски манипулации. Инвазијата на Путин на Украина се смета за почетна фаза на овој конфликт, а војната се шири и во другите делови на светот, вклучително и Африка и вселената, пишува британски Дејли Мејл.
Хибридната војна и тајните операции стануваат норма.
Руските паравоени групи ги дестабилизираат демократијата, додека шпионските операции во Европа се обновуваат со интензитетот на Студената војна. Заканите на Путин со оружје во вселената и нападите на комуникациските мрежи се само дел од пошироката слика.
Русија води хибридни војни
– Тоа е војна што се води на повеќе фронтови – тврдат Тот и Свит, истакнувајќи ја способноста на Путин да води хибридна војна како негова најголема сила.
Иако луѓето во западните земји можеби се повеќе загрижени за дезинформациите, во Украина и другите светски жаришта, кинетичката војна сè уште е присутна.
Конфликтите во Украина, нападите на Хамас врз Израел и кинеските закани за Тајван се само неколку примери, пишува Дејли мејл.
Големите сили се натпреваруваат во воената и економската сфера, а шефот на британските воздухопловни сили Ричард Најтон предупредува на губење на воздушната надмоќ на Западот.
Поранешниот француски претседател Франсоа Оланд ја гледа сегашната геополитичка клима како егзистенцијална борба меѓу демократијата и авторитаризмот.
„Мораме да ја запреме војната пред да биде предоцна“
Иако западните мерки за одвраќање се сè уште ефикасни, Тот и Свит остануваат уверени во своите тврдења. Најтон, од друга страна, ја нагласува потребата да се подготви и инвестира во одвраќање и издржливост.
Аналитичарите и воените експерти предупредуваат дека светот е на пресврт, поради што силата и решителноста се клучни за одбрана на слободата и демократијата.
Прашањето, посочуваат, не е дали започна третата светска војна, туку дали можеме да ја запреме пред да биде предоцна.