Триаголници на градите, без гаќички: Бјанка во најпровокативно издание досега

Бјанка Ценсори не престанува да шокира со своите провокативни изданија, а секој пат изгледа како да оди чекор понатаму…

Познатата Италијанка Бјанка Ценсори беше уловена во Лос Анџелес со својот сопруг Канје Вест , а овој пат папараците ги фотографираа во уште понеобични изданија.

Раперот се шеташе во чорапи, а неговата поубава половина го привлече вниманието кон себе – како и секогаш – со своето голо тело, уште еднаш јасно ставајќи до знаење дека не се срами од ништо.

За вечера со нејзиниот сопруг, таа носеше многу ризично издание – најситниот горен дел од бикини што некогаш сте го виделе, поточно сребрени триаголници кои едвај ги покриваат нејзините незгодни гради и проѕирни беж боксерки без гаќички одоздола.

Кање беше во малку поопуштено издание и не мораше да се грижи за покажување „премногу“, а облече качулка и кратки панталони. Покрај тоа, наместо чевли, на стапалата имал чорапи обложени со кожа, кои личат на балетанки и кои постојано ги носи во последно време. 

Погледнете дел од изданијата на Бјанка…