Стресот е една од водечките причини за хронично воспаление, а стогодишниците имаат решение како да се ослободат од него.
Постојат пет региони низ светот познати како „сини зони“ каде што жителите рутински живеат до длабока старост од 100 години.
Експертите кои ги проучуваат овие популации мислат дека нивната долговечност е длабоко поврзана со нивниот начин на живот и рутини.
Со овие навики можете да се ослободите од стресот, а ги практикуваат стогодишниците од „сините зони“.
Попладневна дремка
Можеби мислите дека попладневните дремки се само за малите деца кои стануваат лути ако не дремнат, но жителите на Икарија од сите возрасни групи ја сфаќаат оваа практика многу сериозно.
Предлогот е да додадете дремка во вашата дневна рутина. Меѓутоа, доколку работниот распоред не ви го дозволува тоа, можете да најдете време за тоа во текот на викендот.
Молитва
За луѓето кои живеат во Лома Линда, Калифорнија, молитвата е најголемото ослободување од стресот. Тие често одат во црква како начин да се одвојат од секојдневието.
Учеството во такви ритуали – религиозни или не – може да делува и како можност да се дружите и опкружувате со други луѓе додека се релаксирате во познат ритам.
Наместо да се молите, можете исто така да медитирате или едноставно да одвоите време да размислите за вашиот ден.