Борбата со настинката може да ви ја исцрпи енергијата и може да биде тешко да заспиете кога постојано кашлате, кивате или се борите со треска. Сепак, постојат одредени трикови кои можат да ви помогнат побрзо да заспиете и подобро да спиете.
Многу симптоми на настинка и грип се полоши кога треба да легнете. Сепак, спиењето е вашата најдобра алатка за одмор. Тоа е затоа што физичкото обновување на телото се случува за време на спиењето кога се произведува хормонот за раст.
Кога сте болни, тајната за добар сон може да лежи во вашиот термостат. За најудобни и оптимални услови за спиење, намалете ја температурата во спалната соба.
Пониските температури можат да ви помогнат поубаво да одморите и да имате мирен сон. Навистина, повисоките ноќни температури доведувваат до полош квалитет на сон, се наведува во студијата од мај 2017 година објавена во списанието Science Advances.
Променете ја постелнината
Со оглед на тоа дека болните многу се потат, за очекување е постелнината да биде полна со бактерии.
Менувањето на чаршафите барем еднаш неделно е важно за да се исчистат сите бактерии или вируси кои може да живеат на ткаенината.
Лежете во подигната положба
Лажењето на овој начин може да ви помогне и да заспиете. Тоа е затоа што кога ќе легнете, „постназалната течност и слуз може да се наталожат во белите дробови и респираторниот тракт и да предизвикаат иритација и кашлање среде ноќ.
Земете повеќе магнезиум
Тој е важен за функцијата на мускулите и нервите, за контрола на гликозата во крвта и за регулирање на крвниот притисок, а магнезиумот исто така може да помогне во спиењето и вашиот имунолошки систем.
Според една студија од декември 2012 година објавена во списанието за истражување во медицинските науки , мала студија покажа дека земањето додатоци на магнезиум значително го зголемува времето на спиење и квалитетот на спиењето кај постарите возрасни лица со несоница, пренесува Klix.ba.