Трикратната олимписка шампионка во коњички спортови и шесткратна освојувачка на медали на Игрите, Британката Шарлот Дужардин (39) објави дека се повлекува од Олимписките игри во Париз, откако се појави компромитирачко видео.
Англиската јавачка оваа одлука ја донела по емитувањето на видео од пред неколку години во кое се однесува „спротивно на вредностите на спортот“.
„Излезе видео од пред четири години, на кое се гледа како сум направила грешка во проценката на тренинг. Секако, Меѓународната коњичка федерација (ФЕИ) покрена истрага и јас донесов одлука да се повлечам од сите натпреварувања, вклучително и Олимписките игри во Париз додека овој процес е во тек“, рече таа преку Инстаграм.
Иако на почетокот не беше јасно за каква компромитирачка снимка станува збор, сепак, според неколку островски медиуми, станува збор за злоставување животни, бидејќи на видеото кое се појави Шарлот Дужардин за време на тренинзите го камшикувала еден од нејзините коњи дури 24 пати.
CAUTION- UPSETTING This is part of the video – you can hear the determined lash of the whip torturing the poor horse. Charlotte Dujardin should never be let near an animal again and she should be stripped of all Olympic Medals. pic.twitter.com/8Szy17jjlO
— LUCINDA O’SULLIVAN (@LucindasIreland) July 24, 2024
„Она што се случи беше целосно надвор од контекст и не го одразува начинот на кој ги тренирам моите коњи или начинот на кој ги тренирам моите ученици, но нема изговори. Јас сум длабоко засрамена и требаше да дадам подобар пример во тоа време“, напиша Дужардин, која им се извини на фановите и спонзорите за својата постапка.
Така Дужардин ја пропушти шансата да стане единствениот британски спортист кој има седум медали од Олимписките игри.