Секој возач има свој систем за чистење на автомобилот од паднатиот снег на најбрз и најефикасен начин. Најчесто се користат метли и лопати, а за чистење на автомобилот потребни се најмалку 10 минути чистење на снегот.
Еден возач од Охајо на социјалните мрежи го сподели својот трик и како целосно го исчистил снегот од својот автомобил за само 20 секунди. Луѓето гледаа со неверување, а многумина се прашуваа како тоа не им паднало на памет, пренесува Среќна Република.
Како што може да се види на видеото кое еден корисник го сподели на Тик Ток, во текот на ноќта врз неговиот автомобил паднале десет сантиметри снег. За да не губи време за чистење, тој едноставно го зел дувачот на лисјата, го вклучил и буквално за 20 секунди целосно го исчистил или подобро кажано го издувал снегот од својот автомобил.