Трик кој ви го решава стресот за 3 минути! Елиминирајте го гневот, тагата и нервозата со помош на прстите 

Помогнете си со овој древен метод кој го ублажува или дури го елиминира емоционалниот стрес за неколку минути.

Акупресурата е древна техника на исцелување која користи притисок врз одредени делови од телото за да започне процеси на самолекување во телото . Акупресурата е стара повеќе од 5.000 години и едноставно „користејќи ја силата и чувствителноста на прстите , акупресурата ефикасно ги ублажува проблемите поврзани со стресот, ја зголемува циркулацијата на крвта, ја намалува болката и е идеална за зајакнување на имунолошкиот систем.

Техниката која ви ја претставуваме е едноставна енергетска техника која можете да ја изведувате секаде и во секое време, вели Пем Доремус, американска учителка по јога и мајстор за Реики. Таа објаснува како можеме да влијаеме на негативните емоции со притискање на одредени прсти:

Палецот – загриженост

Показалецот – страв

Среден прст – лутина

Малиот прст – тага

Малиот прст – ниска самодоверба, неодлучност, недостаток на храброст за постигнување желби и цели.

 

Како да се изврши овој метод?

За да се ослободите од негативните емоции со акупресура, треба да седите или стоите во тишина, односно без да зборувате. Изберете го прстот со кој се обидувате да влијаете на одредена емоција и држете го нежно 2-5 минути. За тоа време, треба да го почувствувате пулсот во прстот, потоа да го спуштите и, доколку сакате, да продолжите на следниот прст. Дишете длабоко цело време, пишува City Magazine.

Доколку ги чувствувате овие емоции секој ден, можете да ги изберете сите прсти и редовно да ја изведувате техниката, како еден вид дневен утрински или вечерен ритуал. Техниката можете да ја изведувате и на работа кога нешто ќе ве налути, пред испит, пред или после важен состанок. Техниката можете да ја користите и кога сте лути поради емотивна врска или кога сакате да ја подобрите вашата самодоверба и да соберете храброст за нови авантури.

– Ниту еднаш не го почувствував тој пулс кога го учев син ми да вози автомобил. Но, кога не создавам активно страв, секогаш го чувствувам“, додаде Пем Доремус во видеото.