Трик со кој секој пат ќе подготвувате сочно, меко и вкусно пилешко

Потребен е минимален напор, а резултатот е совршен

Убавото време полека но сигурно доаѓа, а со тоа и празниците кои сите со нетрпение ги очекуваме. Први мај е „зад аголот“, што значи дека излетничките места ќе бидат полни со луѓе кои едвај чекаат да го поминат денот со добра храна.

Синоним за први мај е секако скарата на која се приготвуваат најразлични меса, а најпопуларно е пилешкото без кое не може да помине ниту одмор, ниту семеен ручек.

Причината зошто луѓето избираат пилешко месо за вакви пригоди е тоа што ретко кој може да му одолее , лесно се подготвува, вкусно е, а пред се е природен извор на витамини, протеини и здрави масти, има избалансирани калориски вредности и е идеален и за оние кои се грижат за исхраната.

Домаќинките го подготвуваат пилешкото на безброј начини, а тоа е идеално бидејќи е совршено комбинирано со други намирници како што се компири, грашок и боронија, оставајќи ве да бидете креативни во кујната и да ја пуштите вашата фантазија.

Покрај исхраната и вкусот, она што е многу важно за сите потрошувачи е свежината на производите што ги купуваат, а квалитетот го сметаат за императив.

Сега кога знаете кое месо е најдобро за вас и вашите најблиски, време е да откриете трик кој секој пат ќе го прави вашето пилешко нежно и сочно.

Маринадата е она што ќе му даде на месото посебен вкус и мекост. Сепак, трикот е да го маринирате пилешкото вечерта пред готвењето и, верувајте ни, вреди секоја минута чекање.

Состојки:

  • 200 мл јогурт
  • 2 лажици сончогледово масло
  • кора од лимон и сок од еден портокал
  • главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажичка сол
  • бибер

Подготовка:

Кромидот и лукот ситно исечкајте ги, па во длабок сад измешајте ги со останатите наведени состојки.

Додадете го пилешкото месо кое сте го исечкале на шницли.

Сè убаво измешајте, покријте го садот со крпа и оставете го во фрижидер преку ноќ.

Следниот ден извадете го пилешкото од маринадата и подгответе го на вашиот омилен начин.