Трите намирници кои го уништуваат тестостеронот

Од вежбање до јадење овошје и зеленчук, советите како да го зголемите тестостеронот се речиси бескрајни.

Сепак, иако постојат одредени намирници кои ви помагаат да произведувате повеќе тестостерон, има и други кои го уништуваат.

Алкохол

Една чаша пиво може да ви изгледа како ништо, па дури и да уживате во него максимално. Но, ако ви се приоритет високите нивоа на хормони, тогаш треба да ја намалите количината на алкохол што го консумирате.

Истите ендорфини кои се ослободуваат при консумирање алкохол, а кои прават да се чувствувате добро, се хемикалии одговорни за уништување на нивото на тестостерон.

За жал, ова не е единственото – сите калории во алкохолот придонесуваат брзо да се здебелите и тоа уште повеќе го намалува тестостеронот.

Производи од соја

За жал за љубителите на соја, врската помеѓу сојата и тестостеронот е полн со научни конфликти. Бројни студии покажаа дека сојата го намалува бројот на сперматозоиди и го намалува тестостеронот.

Зашеќерени пијалоци

Тука спаѓаат и разни слатки, сепак задоволствата со газираните пијалоци се најштетни! Студијата на Универзитетот во Оксфорд на 75 мажи им дала доза од 75 грама чист шеќер. Во просек, мажите имале пад на тестостеронот за 25%.