Три држави во Африка планираат конфедерација. Шефовите на дипломатиите на Мали, Нигер и Буркина Фасо предлагаат формирање конфедерација.
Целта им е во догледно време таа да прерасне во федерација. Трите земји на чие чело се воени режими кои кои дојдоа на власт со државни удари во 2020 и 2022 година, решија да ги зајакнат економските врски и формираа Сојуз на држави од Сахел, кој предвидува взаемна помош во случај на напад на нивниот суверенитет и територијален идентитет.
„Свесни за силниот потенцијал за мир, стабилност, дипломатска сила и економски развој обезбедени од зајакната политичка алијанса, министрите водени од намерата во догледно време да се формира федерација која ќе ги обедини собере Буркина Фасо, Мали и Нигер, им предлагаа им на шефовите на државите на Сојузот на земјите од Сахел создавање конфедерација на тие три земји“, се вели во заедничката изјава објавена по дводневната средба во Бамако, главниот град на Мали.
Со врските зацементирани против меѓународниот притисок за враќање на демократските режими, трите воени режими се борат и против муслиманските екстремисти во нивните земји.
Нивните министри за економија и финансии, претходно, на средба на 25 ноември, предложија формирање стабилизациски фонд и инвестициска банка, како и формирање комисија задолжена за продлабочување на економската и монетарната унија, се наведува во заедничкото соопштение.
Заклучоците ќе бидат доставени до шефовите на држави кои наскоро треба да се сретнат во Бамако. Буркина Фасо е со многу низок БДП, а населението претежно се занимава со земјоделство.
Економијата на Нигер се сконцентрира на одгледување растенија, говеда и трговија со ураниум. Мали е една од најсиромашните држави во светот.