Три возила се судриле во Автокоманда – едното заврши превртено на кров, а три лица со повреди

Три возила се судрија вчера попладне во скопската населба Автокоманда, а едното заврши превртено на кров. Според информациите од МВР, во несреќата повредени се три лица кои се префрлени во болница.

Сообраќајката се случила поточно на булеварот „Александар Македонски“ околу раскрсницата со улицата „16-та Македонска бригада“, едното од возилата од ударот е превртено на кров.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата.