Во натпреварот од четвртото коло од групата Ф во Лигата на шампионите против ПСЖ, Милан ќе биде посилен за тројца напаѓачи кои се опоравија од повредите.
Клубот од Милано го најави враќањето на Тео Ернандез, Кристијан Пулишиќ и Самуел Чуквуезе, кои не настапија на првенствениот натпревар против Удинезе во саботата. Првиот имаше проблеми со повреда на скочниот зглоб, а вторите двајца со бутниот мускул.
Враќањето на оваа тројка може да му помогне на Милан кој веќе извесно време е во резултатска криза. Тој загуби со 0:1 на последниот споменат домашен натпревар против Удинезе, а на последните четири натпревари, во Серија А и Лигата на шампионите заедно, Милан има реми и дури три порази.
Воедно, домашниот дуел на Милан против ПСЖ во вторник од 21 часот е последна шанса за продолжување на борбата за првите две позиции во тешката група Ф. Во моментов ПСЖ води со шест бода. Борусија Дортмунд и Њукасл имаат по четири, а Милан само два.
Во последното коло ПСЖ на домашен терен го победи Милан со 3:0.