Без разлика дали личите на вашиот татко или мајка, науката вели дека поверојатно е да наследите одредени работи исклучиво од вашата мајка.
Кога се раѓа детето, тоа ги носи гените на двајцата родители. Сепак, гените на таткото немаат никакво влијание врз интелигенцијата, стареењето и склоноста кон дебелеење.
Стареење
Стареењето во голема мера зависи од гените на мајката, покажаа германските научници. Според нив, митохондријалната ДНК, која ја наследуваме исклучиво од нашата мајка, делумно влијае на начинот на кој старееме.
Склоност кон дебелеење
Многу научници истакнуваат дека метаболизмот го наследуваме од мајката, што потоа влијае на тоа дали побрзо ќе се здебелиме. Ако мајката има вишок клиограм, се зголемува веројатноста дека детето ќе биде здебелено.
Интелигенција
Истражувањето спроведено на Универзитетот во Глазгов покажа дека на интелигенцијата најмногу влијаат гените на мајката. Во споредба со коефициентот на интелигенција на мајката, детето варира за само околу 15 поени.