Три странски државјанки – Русинки и Белорусинки, приведени во акциска контрола во Тетовско

Три странски државјанки се приведени синоќа во периодот од 23.35 часот на до 01.35 часот во акциската контрола спроведена во два угостителски објекта  во тетовско Горно Седларце и тетовско Жеровјане од полициски службеници од СВР Тетово во координација со Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово и Државен трудов инспекторат. 

Во објектот во Горно Седларце, сопственост на А.А.(32) од тетовско Боговиње, биле затекнати Д.Р.(31) од Република Албанија и А.П.(38) од Белорусија, а во објекот  во Жеровјане, сопственост на Х.А.(33) од Боговиње, 32-годишната К.В.С. од Русија.

Трите странски државјанки се приведени поради сомнение дека го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта, по што се задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и ќе им бидат изготвени законски предвидените поднесоци“, соопштија денеска од МВР

МакедонијаМВРТетово