Правилната и урамнотежена исхрана богата со витамини и хранливи материи е дефинитивно неопходна доколку сакате да останете здрави и фит. Сепак, понекогаш е навистина предизвик да се осигураме дека сите оброци се здрави и избалансирани и дека секој од нив содржи точно количество витамини и минерали што му се потребни на телото.
Многу луѓе во вакви ситуации посегнуваат по разни додатоци во исхраната, а најчесто мултивитамините се земаат како комбинација од се што им е потребно. Сепак, дали знаете кога и како правилно да ги користите и дали воопшто правилно проценивте дека ви се потребни?
Три сигурни знаци дека треба да користите мултивитамини
Лекси Мориарти, експерт, вели дека е важно да ги препознаете знаците кои ви кажуваат дека треба да земете мултивитамини. Ова се трите знаци кои таа ги истакнува и на што е важно да се обрне внимание:
Имате кревка коса и нокти
Сува коса склона кон кршење може да биде знак за честа употреба на штетни производи за обликување на косата или одредени здравствени проблеми.
Што се однесува до кршливите нокти, тие можат да бидат предизвикани од хипотироидизам, стареење и недостаток на влага. Лекси вели дека кршливите коса и нокти може да бидат знак за недостаток на хранливи материи како цинк, железо, биотин или други витамини од Б-комплексот. Токму земањето мултивитамини може да помогне во овие потреби за витамини и минерали и да го подобри здравјето на ноктите и косата.
Станувате уморни и лесно го губите здивот
Скратен здив и ниско ниво на енергија може да бидат знак дека сте анемични и дека имате ниско ниво на железо, вели експертот Лекси. Таа вели дека земањето мултивитамин со железо може да помогне да се зголемат резервите на железо и да се подобри квалитетот на црвените крвни зрнца. Ова може да ги подобри нивоата на енергија и транспортот на кислород, со што ќе се чувствувате освежени и подобро.
Ако се сомневате дека имате анемија или едноставно ви треба повеќе железо во вашето тело, клиниката Мајо забележува дека треба да обрнете внимание и на други симптоми како што се бледа кожа, главоболка, вртоглавица и болка во градите, како и студени раце и нозе.
Често сте болни
Дневниот мултивитамин може да ви помогне да ги задоволите дневните потреби за витамини Ц, А и Д, кои се неопходни за поддршка на здрав имунолошки систем. Проценете сами колку често сте болни и дали е навистина често (три до четири пати годишно), тогаш работете на вашиот имунолошки систем.