Бројот на загинати во силниот земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што вчера ја погоди Јапонија и предизвика предупредување за цунами, се искачи на најмалку 30 лица.
Би-би-си ги пренесува изјавите на јапонскиот премиер Фуми Кишида дека земјотресот предизвикал бројни жртви и големи штети .
Се вели дека спасувачите се обидуваат да извлечат повеќе преживеани од урнатите згради , и покрај тешко оштетените и блокирани патишта што ги попречуваат нивните напори.
– Мораме да се тркаме со времето за да ги најдеме и спасиме жртвите од оваа катастрофа. Потврдени се многу штети, со бројни жртви, урнати згради и пожари – рече Кишида на состанокот на владиниот тим за одговор при елементарни непогоди.
Тој рече дека на спасувачите им е тешко да се пробијат до северниот крај на полуостровот Ното .
Се наведува дека претходната ледена ноќ без струја ја поминале околу 33.000 домаќинства , а без водоснабдување останале и многу градови.
Во потрагата по преживеани учествуваат околу 1.000 спасувачи кои веруваат дека се уште има луѓе затрупани под урнатините .
Јапонската армија им подели храна, вода и ќебиња на оние кои останаа без покрив над главата.
Предупредувањата за цунами сега се укинати во Јапонското Море , што значи дека повеќе не постои опасност од големи бранови да ја погодат копното.
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека САД се подготвени да и ја пружат сета потребна помош на Јапонија .