Џорџија Харисон, 28-годишната ѕвезда на хит-серијата „Love Island“, си ја отвори душата ексклузивно за магазинот The Sun за нејзиното ужасно искуство во кое се „борела“ со поранешното момче Стивен Беар кој поради одмазда објавил нивно заедничко приватно видео и откри како тоа за малку ќе ја убило.
Ова е прв пат Харисон да проговори откако поранешната ријалити ѕвезда Стивен Беар (33 г.) беше затворен поради продажба на видео-снимки од видео надзор на кои се гледа како тие двајцата имаат секс во неговата градина. Џорџија помина две и пол години во „војна“ со него и поради тоа таа ќе го тужи Беар затоа што чувствува дека тој и ја уништил кариерата.
28-годишната девојка, која сними документарец за ITV2 за нејзината траума, вели дека косата и паднала поради стресот и во еден момент итно била пренесена во болница.
„За малку ќе умрев. Кога тој го објави видеото, физичките ефекти врз мене беа ужасни. Имав акни по целото лице. Завршив со инфекција со циста која пукна и завршив во болница од стресот. Рекоа дека бубрезите, карлицата и неколку органи ми беа зафатени и дека сум доживеала септичен шок“, изјавила таа за горе споменатитот весник. Но, таа успеала да најде сила, да се собере и да продолжи по оваа пеколна искушение.
„Колку оваа ситуација навистина ме скрши пред две години, сега можам да стојам овде силно. А сега доаѓаат само убави времиња“, кажала девојката.
Таа се присети и на ужасниот момент кога првпат видела тајно снимено видео од нејзиниот секс како се продава на Интернет за пари. Таа се најави на страницата OnlyFans на поранешниот победник на „Celebrity Big Brother“ само за да најде „фотографија од него на неа во неговата градина“.
„Тој напишал: Пријавете се сега за 50 отсто попуст за да ме видите како јадам оваа позната девојка во мојата градина“, напишал Харисон во описот на видеото.
Беар минатата недела беше осуден на 21 месец затвор за своето дело и сè уште одбива да и се извини на Џорџија за неволјата што ја предизвикал или барем да објасни зошто го направил тоа. Беар, поранешен натпреварувач на „Ex On The Beach“ и победник на „Celebrity Big Brother“, снимил секс со Харисон без нејзина согласност и тврди дека тој заработил 40.000 фунти откако го објавил на платформата за возрасни OnlyFans.