Џереми Ренер, актерот кој падна на гркланот за време на една од најголемите снежни бури во Соединетите Американски Држави (САД), го даде првото интервју по страшната несреќа.
Актерот од филмовите на Marvel, Џереми Ренер и попознат како популарниот Hawkeye, го даде своето прво интервју по страшната несреќа во која за малку ќе го изгубеше животот. Ренер се обидувал да го расчисти патот од својот дом во Тахо за време на божиќните празници кога булдожерот се превртел и тој завршил закован под него.
Итната помош брзо реагирала, Ренер со хеликоптер бил префрлен во болница каде неколку дена се борел за живот. Несреќата му го скрши реброто а скрши и повеќе од 30 коски, сега, неколку месеци подоцна, Џереми Ренер го даде своето прво интервју, седејќи во инвалидска количка, зборувајќи за настаните кои му го променија животот.
„Да бев сам, немаше да бидам тука. Тоа е ужасен начин да се умре. Мојот внук, прекрасниот Алекс, беше таму“, рекол Ренер и се расплакал пред камерите. Актерот потоа додал дека му напишал проштално писмо на своето семејството по телефон. Погледнете го интервјуто: