Собраниската комисија за надворешна политика денеска ќе одржи седница на која тројцата новоименувани амбасадори на земјава за Словенија, Шпанија и Швајцарија ќе ги презентираат платформите за нивната дипломатска активност.
Како што информира собраниската прес-служба, пред Комисијата ќе се појават Горан Милевски, кој е именуван за амбасадор во Словенија, Едмонд Адеми во Шпанија и Реџеп Демири во Швајцарија.
На дневен ред на седницата на оваа собраниска комисија има уште две точки – Предлог-закон за ратификација на измени и дополнувања на Договорот за слободна трговија меѓу Република Северна Македонија и Украина и Предлог-закон за ратификација на Протоколот 16. на Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи.