Тројца Американци, кои Русија ги ослободи од затворите, пристигнаа во САД, каде ги пречека претседателот Џо Бајден, а најемотивни моменти секако беа средбите со нивните семејства.
Поранешниот американски маринец Пол Вилан беше првиот што излезе од авионот. Тој ракоплескаше пред да се ракува со претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис.
Вилан беше пречекан од неговата сестра Елизабет Вилан на пистата во емотивна средба.
Тогаш излезе репортерот на Волстрит журнал, Еван Гершкович, кој откако излегол од авионот, на собраните колеги им рекол: „Тука сум“.
Гершкович излегол од авионот на гласни овации од своите колеги, што го означило крајот на неговото искушение, кое вклучувало 491 ден во руски притвор.
По слетувањето, Гершковиќ се ракуваше со претседателот Џо Бајден пред да ужива во радосната средба со своето семејство, гушкајќи ги мама и тато.
Авионот го напуштила и руско-американската новинарка Алсу Курмашева.
Таа се ракуваше со претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис пред да трча кај сопругот и ќерката и да ги прегрне во емотивна средба.