Тројца вработени во различни јавни претпријатија во град Скопје се отпуштени од работа откако го изразија својот револт за доцнењето на платите. Како што соопшти првиот човек на Конфедерацијата на синдикални организации, Марјан Ристески, се вршат бројни притисоци врз сите работници од јавните претпријатија кои се пожалиле на неправилности или кои учествуваат на протести.
Од синдикатите велат дека се пожалиле до управниот одбор на јавното претпријатие, но и до Трудовиот инспекторат. Двете институции ја укинаа одлуката на директорите за разрешување и наредија нивно враќање на функцијата. Но, вработените се уште не се вратиле на работа. Се сомневаат дека тоа се прави заради политички поени пред изборна кампања.
Доколку наскоро не се најде решение, од Конфедерацијата велат дека ќе ги блокираат патиштата од раскрсницата пред Влада до зградата на град Скопје.