Големата драма се одвивала во Теочак, а според неофицијални информации загинале три лица.
Од МУП ТК за „Аваз“ велат дека добиле дојава и испратиле екипи на терен, но дека се уште немаат потврда за оваа информација.
Се сомнева дека починало едно семејство кое користело генератор во отсуство на струја, а потоа дошло до труење со јаглерод моноксид.
Неофицијално, „Аваз“ дознава дека овој немил настан се случил синоќа, а овие лица ги пронашле денеска.