– Тројца кинески астронаути од мисијата Шенжоу-19 безбедно се вратија на Земјата денес, по шестмесечен престој во кинеската вселенска станица Тјангонг, јави државната новинска агенција Синхуа.
Цаи Суже, Сонг Лингдонг и Ванг Хаозе слетаа кај Донгфенг во северниот автономен регион Внатрешна Монголија. Нивното враќање беше одложено за еден ден поради лошите временски услови.
Тројцата астронаути, познати во Кина како „таиконаути“, заминаа во вселената во октомври и за време на својата мисија спроведоа низа научни експерименти и извршија техничко одржување на кинеската вселенска станица, која е целосно изградена со домашни капацитети.
Нивната мисија заврши откако минатата недела новата екипа од мисијата Шенжоу-20 успешно ги презеде операциите на станицата. Новиот тим, составен од командантот Чен Донг и астронаутите Чен Жонгруи и Ванг Џие, беше лансиран минатиот четврток од Сателитскиот лансирен центар Џиукуан, што се наоѓа во северозападна Кина. Тие исто така ќе останат во станицата шест месеци.