Семејство од Тексас очајно трага по исчезнатата бремена тинејџерка која требало да се породи на денот кога исчезнала.
Савана Никол Сото (18) никогаш не се појавила во болницата каде што требало да се породи во сабота навечер.
,,Савана беше толку среќна затоа што ќе стане мајка. Тоа ми го крши срцето. Те молам дојди дома. Никој нема да те осуди. Никој ништо нема да каже. Само сакам да си дома”, рекла мајката на Савана, Глорија.
Според полицијата, 18-годишна жена последен пат видена во нејзиниот стан во долината Леон. Сега можеби е во „непосредна опасност или ненамерно исчезната“. Исчезнат е и нејзиното момче Метју Гера (22).
Во соопштението полицијата наведува дека Савана е здебелена, висока околу 155 сантиметри, со кафена коса и кафени очи.
Глорија рече дека последен пат се слушнала со нејзината ќерка во петокот попладне, но ја фатила паника кога не можела да дојде до неа во саботата. Откако не можела да и” се јави, мајката отишла во станот да ја посети ќерка си.
,,Појдов таму и тропав, тропав и тропав, но таа не одговори. Дојдовме во болница. Тие рекоа дека ја нема”, изјави мајката за медиумите.
Таа потоа додала дека нејзината ќерка требало да се породи во сабота во 18:30 часот.
„Не знаеме ни што се случило. Тие рекоа дека може да биде сè“, рекла Глорија, додавајќи дека нејзината ќерка никогаш порано не исчезнала така.
Глорија побара помош на социјалните мрежи објавувајќи фотографија од бремената Савана.
Загрижена сум за нејзината безбедност, таа е со нејзиното момче кое не е добро“, напишала очајната мајка во објавата на Фејсбук.