Трудова медицина со нова дигитална платформа, промовиран е новиот модул за здравствени прегледи во трудовата медицина

Министерството за здравство денес промовираше нов модул за електронски евиденции на здравствени прегледи во областа на медицината на трудот.

Како што информираше министерот за здравство, Азир Алиу, модулот е подготвен од Дирекцијата за електронско здравство во соработка со Здружението на специјалисти по медицина на трудот и Институтот за медицина на трудот.

„Нема да застанеме тука во процесот на дигитализација, туку ќе продолжиме во наредниот период со креирање портал за работодавачи преку електронски услуги за иницирање проверки на вработените, интеграција во здравствените досиеја и презентација во „Мое здравје“, како и целосна дигитализација на документите и поврзување со институциите преку интероперабилност“, изјави министерот за здравство, Азир Алиу.