Канадскиот парламент гласаше за премиерот Џастин Трудо по вторпат за помалку од една недела, со 207 гласови „за“ и 121 „против“.
Гласањето за доверба го рестартираа пратениците на опозициската Конзервативна партија, откако минатиот четврток беше изгласана и доверба, пренесува Ројтерс.
Тие го обвинуваат Трудо дека е одговорен за зголемените цени и зголемената стапка на криминал во земјата.
За време на денешното гласање пратениците на сепаратистичкиот блок Квебек, кој се залага за независност на таа покраина, гласаа за Трудо, но за возврат ќе побараат зголемување на пензиите.
Според анкетите, конзервативците имаат голема предност пред изборите кои треба да се одржат во рок од една година.
Конзервативците во моментов имаат поддршка од 42 отсто од јавноста, додека левичарската Нова демократска партија има 22 отсто, а либералите на Трудо имаат 21 отсто, наведува Ројтерс.