Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) Томислав Тунтев поднел оставка од функцијата од лични причини, а Управниот одбор на АЦВ веќе ја констатирал неговата оставка и донел одлука за разрешување од функцијата директор.
Оставката, како што информира, ја поднел на 27 мај, а Управниот одбор на АЦВ ја констатирал на седница на 30 мај.
Тунтев беше директор на АЦВ од 2019 година, а сега се враќа на работа во ТАВ Македонија, каде досега му мируваше работниот однос.