Едно од местата во Литванија што ги плени посетителите е Тракај, град од бајките сместен на брегот на езерото Галве, познат по својата недопрена природа и пејзажи.
Есента во Литванија носи прекрасни сцени – природата потоа се менува во златни и бакарни тонови, а земјата добива посебен шарм.
Наместо летните гужви и вревата од туристи, октомври и ноември нудат помирна атмосфера, совршена за оние кои сакаат да ја откријат потивката страна на оваа балтичка земја.
@sky_view_lithuania Sky view lithuania….❤️🇱🇹🎉🎅#trakaicastle #trakai #lithuania #europe #1m #fypp #trendingvideo #100k #100k #Šiauliai #vilnius #navindudias #virul #drone #dji #skyviewlithuania #sundialsquare #castle ♬ original sound – Sanjay RB
Најголемата атракција на Тракаи е несомнено неговиот препознатлив замок кој се наоѓа на островот – единствен од ваков вид во овој дел од Европа. Во текот на есента, ова место изгледа како слика од разгледница.
Околу него се шуми кои ги менуваат боите во прекрасни тонови на злато, бакар и црвена боја, додека силуетата на замокот совршено се отсликува на површината на мирното езеро.
Прошетка по дрвениот мост што води до замокот или лежерно возење со брод по водата нудат прекрасен поглед – идеално за оние кои сакаат да доживеат вистинска бајка во есенски бои.