ТУРИСТИ ПОРАДИ СЕЛФИ ЗЕМАЛЕ МАЛО МЕЧЕ ОД МАЈКАТА, А ПОТОА СЛЕДУВАШЕ СУРОВА КАЗНА: Снимката од инцидентот ја шокираше планетата (ВИДЕО)

Инцидентот се случил во вторникот, на 16 април во станбен комплекс во округот Бункомб, Северна Каролина. Шест лица се снимени како влечат младенчиња од мечка од гранките на дрво, каде што биле фатени, се со цел да се фотографираат. Ги влечеа двете мечиња, а едно дури им паднало од раце на снимањето.

Штом видеото од инцидентот стигнало до експертите кои се занимаваат со заштита на дивите животни, тие веднаш излегле на терен и повикале полиција. Меѓу нив беше и биологот Ешли Хобс, која за ABC 13 News изјави дека кога стигнала до дрвото каде што луѓето фотографирале, пронашла само едно младенче. Целото било влажно и замрзнато, па го однеле во болница да се опорави. Затоа, сосема е можно никогаш да не можат да се вратат во дивината, бидејќи мечките кои растат со луѓе не сакаат да ги напуштат. Неверојатно, но можно е некој да им го уништил животот на мечињата само за да добие убава слика за социјалните мрежи.

– Сметаме дека мечката преживеа прилично трауматично искуство. На луѓето кои го направија тоа им објаснивме колку е неодговорно и потенцијално смртоносно младенче мечка да се одвои од мајка си, а особено да се откине од дрво на овој начин – рекол Хобс, пренесува Унилад.

Џоди Вилијамс, шеф на Help Asheville Bears, е подеднакво загрижена.

– Сè е поради сликата. Повторувам, поради една фотографија. Многу ми е жал за ова мало мече и ми се гади од себичноста на овие луѓе. Ова е само тоа – себичност – изјави Вилијамс.

По објавувањето на видеото, многумина се згрозиле од тоа што го направиле овие шестмина, а за сето тоа, освен светската популарност што не ја барале, морале да разговараат и со полицијата.