Турист во Црна Гора нарачал кафе со овесно млеко во кафуле, а поради тоа што го добил луѓето на интернет „умираат“ од смеење.
Момчето кое на Тик-ток се потпишува како „ezzmozzz“ објави видео на кое се гледа дека откако нарачал кафе со овесно млеко во ресторан, добил – кафе и овесна каша.
Сепак, како што нагласил во виралното видео, без разлика на смешната ситуација, му оставил убав бакшиш на келнерот, кој сепак, се потрудел некако да му помогне, дури иако баш не успеал.
Многу луѓе се јавија да ја коментираат ситуацијата.
Додека Црногорците го уверуваат дека многу добро знаат што е овесно млеко и дека само келнерот очигледно не слушнал за тоа, многу луѓе се присетуваат на слични ситуации.
„Кога бевме во Црна Гора, слушнавме еден пар како бара еспресо мартини, а келнерот им рече дека може да им даде еспресо и мартини“; „Еднаш изнервирав келнер во Белгија затоа што ме слушна како кажувам сold milk, наместо oat“, „Во Босна еднаш нарачав капучино, добив какао, млеко и мед“, се само дел од коментарите.