Мигрантите се донесени на пристаништето во Мармарис и по процедурите се предадени на обласниот директорат на Претседателството за миграции.
Турската крајбрежна стража спаси 79 нерегуларни мигранти во два одвоени инциденти, соопшти Командата на Крајбрежната стража.
Околу 44 мигранти на спасувачки сплавови во близина на брегот на Мармарис во областа Мугла се спасени откако грчките сили ги истуркале кон турските територијални води.
Екипите на Турската крајбрежна стража се упатија кон подрачјето откако беа информирани дека има група мигранти на два сплава за спасување, се наведува во соопштението.
Мигрантите се донесени на пристаништето во Мармарис и по процедурите се предадени на обласниот директорат на Претседателството за миграции.
Во друг случај, 35 нерегуларни мигранти истуркани кон турските територијални води од грчките сили се спасени во близина на брегот на Ајвалик во Баликесир.
Бродот TCSG-907 на Крајбрежната стража тргна кон спасување на мигрантите по добивањето информации за група мигранти недалеку од брегот.
И овие мигранти по процедурите се предадени на обласниот директорат на Претседателството за миграции.