– Потпретседателот на Турција, Џевдет Јилмаз, денес изјави дека моментално високата инфлација ја гледаат како главен проблем и дека ќе дејствуваат ефикасно и одлучно ќе преземаат чекори за борба против тој предизвик.
Јилмаз даде изјава по Економскиот координациски одбор (ЕЕК) што се одржа во Претседателскиот комплекс во Анкара.
Тој рече дека Турција одлучно ќе продолжи да презема чекори за зголемување на конкурентноста и ефикасноста на нејзината економија во рамките на правилата на слободниот пазар.
„Ќе продолжиме со технолошкиот напредок и со зголемување на приходите од извозот и туризмот со производите и услугите со висока додадена вредност. Се наоѓаме во период кога светот и нашиот регион се соочуваат со различни предизвици, а се отвораат и можности. Ќе ги надминеме тешкотиите и со силно лидерство и конзистентен збир на политики, ќе ги процениме можностите во согласност со интересите на нашата земја“, рече Јилмаз.
Додаде дека во септември ќе биде претставена новата Среднорочна програма.
„Со Среднорочната програма што ќе ја споделиме со јавноста во септември, ќе ги преиспитаме јавните политики и практики, како и директната распределба на средства во таа рамка“, рече Јилмаз и додаде:
„Политиките и ветувањата од нашата изборна програма ќе ги спроведуваме според специфичен календар со програми и акциски планови. Додека сѐ уште ги лечиме раните од земјотресите што ги доживеавме, од друга страна, ќе дејствуваме ефикасно и одлучно и ќе преземаме чекори за борба против инфлацијата, која ја гледаме како главен проблем.“