– Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека ќе воведе нов „цивилен“ устав.
„Ќе работиме заедно на донесувањето граѓански устав на Турција“, рече Ердоган по состанокот на Кабинетот што траеше повеќе од осум часа во главниот град Анкара.
„Сакаме да го следиме нашиот пат во вториот век на нашата Република под водство на цивилен, либерален, сеопфатен устав што ќе ги прифати сите сегменти“, рече Ердоган, нагласувајќи ја важноста од оставањето зад себе на сегашниот Устав што е обликуван од воената хунта по државниот удар во 1980 година.
Ердоган го поздрави претседателскиот систем.
„Нашата нација со својата волја ги отфрли предлозите за враќање на стариот систем на изборите на 14 и 28 мај. Дискусиите за парламентарниот систем се затворени на неодредено време“, истакна Ердоган.
Турција7 го усвои својот извршен претседателски систем на управување во 2017 година по јавниот референдум и го спроведе во практика една година подоцна.
Турските власти ги фалат предностите од новиот систем, истакнувајќи дека тој ја елиминира неефикасноста и овозможува непречена работа на администрацијата.
Ердоган рече дека по неговиот реизбор на 28 мај ја остварил својата прва странска посета во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и Азербејџан.
„Ќе ја продолжиме нашата борба рамо до рамо со кипарските Турци, кои се составен дел од турската нација. Никогаш нема да дозволиме да се узурпираат правата ниту на нашата земја ниту на ТРСК“, нагласи Ердоган.
Осврнувајќи се на посетата на Азербејџан, Ердоган рече дека во текот на разговорите со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, донеле многу одлуки за унапредување на билатералните односи.
„Одредивме заедничка цел да го зголемиме обемот на трговска размена на 15 милијарди долари“, додаде Ердоган.